среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Во одбрана на Македонија: Сотир Костов повика на самоорганизирање и одбрана на името, јазикот, идентитетот и православната црква!

Моето и нашето време за молчење истече. Фајрабонд („Се поминува“). НЕ. Благодарам. Продажбата, предавството на Македонија (име, јазик, идентитет, народ) и предавството на Македонската православна црква не поминува. Се спротивставувам и го обвинувам било кој и да е позади оваа гнасна работа. Македонски народе време е да се пробудиме, самоорганизираме и да појдеме во битка за обрана на се што е македонско. Ајде сите во Семакедонско движење за одбрана на името, јазикот, идентитетот и православната црква македонска. Толку. Се е јасно. Ајде барем еднаш сите заедно од зборови на дела за одбрана на нашата Македонија – вели во изјава за Свест.мк, аналитичарот Сотир Костов.

П.С. Искрено се надевам дека за прв пат го достигнав идеалот во маркетингот – „Помалку е повеќе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top