среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Шекеринска префрлена на Ургентен – ѝ залетнал фастак

Вистинска драма се случила попладнево во Министерството за одбрана, кога на министерката Радмила Шекеринска и залетнал неизлупен фастак во грлото, информираат за „Република“ вработени во министерството.

На состанок со советниците Шекеринска грицкаше од ново-набавените апетисани. Во чинијата имаше фастаци, бадеми и лешници. Веројатно по грешка, мислејќи дека јаде бадем или лешник без да го излупи министерката голтна фастак кој директно и заврши во душникот по што почна да се гуши. Колегите притрчаа да и помогнат, за момент и се врати здивот, но моравме да повикаме брза помош. – сведочи видно вознемирен вработен во Министерството.

Амбулантното возило итно ја префрлило Шекеринска на ургентен, каде по кратката лекарска интервенција фастакот бил отстранет. Од ургентен информираат дека во моментов нејзината здравствена состојба е стабилна и се очекува во текот на ноќта да биде пуштена на домашно лекување.

Минатиот месец, министерката го навлече гневот на јавоста со тендерот за јавни набавки со кој потроши 5.000 евра народни пари на бадеми, лешници и фастаци. Од министерството не откриваат дали залетнатиот фастак е од оваа јавна набавка или од некоја претходна.

Луди Чифут

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top