среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 97 ново

Професорка уапсена додека се подготвувала за секс со ученик

Мажена професорка е уапсена додека се подготвувала за секс со ученик во својата соба полна со свеќи.
Хантер Деј (22) е уапсена минатата недела во Јокон во Оклахома, по тужба што ја поднеле родителите на детето кои се посомневале дека професрката е во врска со нивниот син.
Унилад јавува дека родителите на детето го однеле мобилниот телефон на синот во полиција и барале форензички преглед. Пред тоа ја известиле полицијата дека пронашле сомнителни пораки и голи фотографии.

Во истрагата полицијата утврдила дека професорката и малолетникот веќе имале секс и планирале да го повторат чинот во среда попладне. Преку мобилниот на момчето полицијата договорила состанок со професорката, а кога дошле на врата полицајците, ја нашле во секси облека.

Професорката по хемија наводно соработува со полицијата, префрлена е во затвор, а ќе ѝ се суди за силување од втор степен, поседување детска порнографија и изнудување секс од малолетник. Одредена ѝ е кауција од 85 илјади долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top