среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Битолскиот џетсет во 1912 година – отворање на градска кафеана (ВИДЕО)

Пионерите на филмот во Македонија и во Југоисточна Европа познатите браќа Јанаки и Милтон Манаки се одговорни што и денес можеме да видиме како се живеело на овие простори пред стотина години

Кинотека на Македонија објави видеоматеријал од 1912 година на кој е снимено отварањето на градска кафеана во Битола. Во текот на целото време се прикажува снимка на надворешни скалила по кои слегуваат гости на кафеаната. Најпрвин по нив оди група жени со деца.

Потоа следуваат група српски офицери, господа со полуцилиндри, свештено лице, маж со фес и, на крајот, двајца српски офицери. Во кадар постојано се и двајца убаво облечени мажи однсоно домаќините кои ги пречекуваат и ги испраќаат гостите.

Фото/видео: Кинотека на Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top