среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Ковачев: Македонската историја ќе се менува, од историјата се брише „бугарскиот фашистички окупатор“

Бугарскиот европратеник од партијата на Каракачанов Андреј Ковачев во свое интервју тврди дека македонската историја е изманипулирана со архивски материјали од времето на Тито, а особено ги потенцира младите генерации на кои е важно да се влијае и не треба да се дозволи идеологијата да ги одели од бугарската држава. Во однос на историјата која треба да се менува европратеникот вели дека таа веќе била променета, а сега треба да биде претставена објективна историја.

Според Ковачев многу смело е решението на Заев да се избрише „бугарскиот фашистички окупатор“ од историјата бидејќи со сигурност ќе има сили кои ќе го критикуваат тоа.

Европтраникот Ковачев е познат по своите радикални изјави, тој ниту го признава македонското малцинство во Бугарија ниту македонскиот јазик и народ. Тој јавно во своите настапи истакна дека со договорот за добрососедство кој Бугарија го потпиша со Македонија воопшто не е признаен македонскиот јазик, а Македонците се народ создаден од коминтерната по втората светска војна. Тој и своите претходни интервјуа ги напоменува младите поколенија и генерации кои треба да имаат близок однос кон Бугарија, а Бугарија да води грижа за младите Бугари во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top