понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Несекојдневна паркинг-драма: Пајак однесе рено со шестмесечно бебе

Шестмесечно бебе, оставено само во непрописно паркиран автомобил, завршило на паркингот на пајак-службата. Несовесната мајка Јелена М. синоќа околу 19 часот  го оставила бебето само во автомобилот околу 15 минути, а службениците од пајка-службата не забележале дека во автомобилот има бебе и го однеле.

Јелена се правдала дека сакала да сврати до сопругот, а бебето го оставила во автомобил за да не се смрзнува по студот.

Белградското јавно претпријатие поднело пријава против мајката во Центарот за социјална работа на Белград поради запоставување на дете.

Подигнувањето на возилото трае околу 15 минути, а за тоа време мајката не се вратила. Кога пајакот пристигнал на паркингот, диспечерката го известила возачот дека во реното има бебе. Набрзо простигнал и таткото на бебето, кој исто така потврдил дека во натовареното возило има бебе.

Работниците и таткото заедно констатирале дека бебето е добро и безбедно го спуштиле од возилото. Бебето спиело цело време додека траела драмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top