среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Рада Манојловиќ призна која жена ѝ ја уништи врската

Српската фолк-пејчака Рада Манојловиќ многупати досега истакнувала дека во животот сакала неколку мажи. Прв од нив беше пејачот Милан Станковиќ, по него дојде спортскиот менаџер Момир Гаиќ,
а во моментов таа е во врска со колегата Харис Берковиќ.

Сепак, само со Момир имала речиси идилична романса. Нивната врска била како од љубовен роман, а се водело кон брак. Но, за жал до тоа не дошло поради друга жена. Единствена жена која застанала на нивниот пат кон совршената среќа е сестрата на Момир.

-Навистина, неговите родители кон мене неа многу срдечни, ме сметаа за свое дете. Нив ги поздравувам, прекрасни луѓе се. Е сега, секаде постои онаа – золвата, вели Рада.
Момир и Рада раскинаа во октомври 2015 година, а потоа Рада започна врска со Харис, а Момир се ожени и доби дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top