среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Хотел во Романија резервиран уште пред да почне неговата изградба

Познатиот романски хотел од мраз „Ајс хотел“, единствен од својот вид, веќе е 60 отсто резервиран, а неговата изградба уште не ни почнала.

Хотелот од мраз, кој се наоѓа близу езерото Балеа, на планината Фагарас, секоја година се гради одново и одново, од парчиња мраз и снег.

Изградбата би можела да почне при крајот на ноември, кога се очекува температурата да го достигне доволно ниското ниво.

Отворањето на хотелот е најавено за 23 декември.

Романските и странските туристи годинава имаат на располагање 14 соби. Двокреветна соба чини 100 евра за една ноќ.

Туристите кои имаат нешто поплиток џеб можат да изнајмат едно од шесте иглоа што ќе бидат подигнати веднаш до хотелот, каде едно ноќевање чини 150 евра, но за шест лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top