понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Деца ја презедоа Барса (ФОТО+ВИДЕО)

Дека големи корпорации како што се фудбалските клубови се уште не го загубиле чувството на грижа кон своите навивачи, особено оние најмладите, на најдобар начин покажа Барселона.

По повод светскиот Ден на децата еден од најголемите клубови на светот нагости неколку десетици свои најмлади навивачи кои на еден ден го презедоа клубот. Децата прво тренерираа со Ернесто Валверде, а кога на тренингот дојдоа Меси, Суарез, Инеиста и останатите ѕвезди на среќата и немаше крај.

Но, тоа не беше крај. Новиот „извршен одбор“ на клубот седна со шефовите во собата за состаноци и гласаше за многу важни прашања како што се „кој е најдобриот фудбалер на светот?“. Одлуката беше едногласна – Лео Меси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top