понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Ким им забрани на граѓаните на Северна Кореја да пијат алкохол, да пеат и да се забавуваат

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун забранил пеење, пиење на алкохол и секаков вид на забава во државата, тврдат од јужнокорејската Национална разузнавачка служба.

Од Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја тврдат дека севернокорејскиот лидер се одлучил на вакви мерки поради „стегањето на ременот“ после новите санкции на Обединетите нации и со цел да спречи било каква побуна на своите граѓани.

Од друга страна, аналитичарите сметаат дека ова е сосема логичен чекор откако властите од Пјонгјанг соопштиле дека земјата е во голема опасност поради трите американски носачи на авиони кои што се наоѓаат „во опасна близина“ на брегот на Северна Кореја и се подготвени да нападнат.
Овој извештај на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја е објавен после изјавата на кинескиот амбасадор во Велика Британија дека санкциите против Северна Кореја се „средство, а не цел“ и дека не би требало на севернокорејците да им се наметнува ново ембарго.

Од Националната разузнвачака служба на Јужна Кореја порачаа дека „иако нема знаци за подготовки на нови нуклеарни тестирања, сепак такво нешто е можно во секој момент“, со оглед на непредвидливоста на севернокорејскиот лидер.
Јужнокорејските разузнавачи исто така предупредија дека Северна Кореја до крајот на оваа година би можела да развие интерконтинентална балистичка ракета која што би можела да има домет до територијата на Соединетите Американски Држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top