понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Питер Крауч испиша нов рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот на Стоук и поранешен англиски репрезентативец, Питер Крауч со вчерашниот настап против Брајтон успеа да забележи нов рекорд во Премиерлигата.

Напаѓачот на Стоук, во 73.минута го замени Шаќири и влезе во игра како замена, дури по 143. пат во неговата кариера. Тој со тоа го надмина рекордот на екс-напаѓачот на Њукасл, Шола Амеоби и стана фудбалерот со најмногу настапи како замена во Премиер Лигата.

Крауч исто така постави и рекорд како играч кој успеал да постигне најмногу голови со глава, вкупно 51 гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top