четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 111 ново

Сиријци подготвувале божиќен терористички напад во германскиот град Есен

Германската полиција уапси шест Сиријци осомничени дека подготвувале терористички напад во пресрет на божиќните празници.

Сиријците биле уапсени во акција на 500 полицајци во осум станови во Касел, Хановер, Есен и Лајпциг.

Четворица од уапсените дошле во Германија во 2014 година, додека другите двајца пристигнале во август и септември 2016 година. Сите поднеле барањеза азил.

Според ДПА, уапсените планирале напад врз божиќен панаѓур во градот Есен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top