среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Академик од БАН: Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот (видео)

Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, македонската нација е измислена од Србите и комунистите, но целата оваа неправда ќе се исправи со потпишувањето на договорот за добрососедство – ова се само мал дел од скандалозните тврдењана  бугарската лингвистка од Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науки, доцент Ана Кочева, во интервјуто за БНТ (Бугарска национална телевизија) објави дека имаат ново гледиште за карактерот „на јазичната практика во Македонија“.

-Во потпишаниот договор за соработка со Скопје има член 8, ал.2 , кадешто оваа тема им се остава на лингвистите, односно се остава да се воспостави дијалог за ова прашање, коментира Ана Кочева.

Официјалниот јазик на Република Македонија е деструктуриран бугарскиот јазик – тоа е точната теза на лингвистите од БАН- вели Кочева.

-Што се однесува до феноменот кој во Македонија нарекуваат македонски јазик, а ние го нарекуваме писмено-регионална форма на бугарскиот јазик, поради многу сложената историска судбина, бугарскиот јазик доживеал рекорден број обиди за квалификации за создавање на писмено-регионални форми, вели бугарската лингвистка.


Тврдењата на бугарската лингвистка ги негира Тhe Culture Trip  каде македонскиот јазик е оквалификуван во Топ 10 најстари јазици во светот. Според Тhe Culture Trip македонскиот јазик е основа за останатите словенски јазици, меѓу кои и бугарскиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top