среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Стариџ во зимскиот преоден рок ќе го напушти Ливерпул?

Англискиот напаѓач Даниел Стариџ веќе подолго време се мачи со повредите и од доаѓањето на  фудбалери на Јирген Клоп во редовите на Ливерпул нема значителна минутажа. Тој никако не може да ја пронајде својата форма од пред неколку сезони, па најави заминување од „Енфилд“.

Причината за оваа одлука на напаѓачот е повеќе од јасна – сака да му се исполни детскиот сон и да настапи за Англија на Светското првенство во Русија, идната година. Според британските медиуми, Стариџ е незадоволен од третманот во Ливерпул, бидејќи за да се бори за место во селекцијата на Англија мора да биде што повеќе присутен на фудбалскиот терен.

Сепак, засега не се знае во кои тимови би сакал Стариџ да премине, но сигурно не би пребирал околу изборот, бидејќи за него во овој момент е важно само да игра и да тресе мрежи како што најдобро знае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top