понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Производството на струја се намалува, нема ни евтина струја!

Производството на струја во септември и октомври 2017 е намалено.

-Произведена електрична енергија е 12 отсто помалку од септември 2016, додека во октомври 2017 произведена е електрична енергија 7 отсто помалку од септември 2016- напиша на својот профил, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Мицковски на својот фејсбук профил објави дека СДСМ ветуваа активирање на домашните енергетски капацитети што би придонело за зголемување на домашното производство на струја и за поефтини сметки за струја на граѓаните, но тоа не се случи.

Исто така во своето соопштение владата на СДСМ наведе дека ќе воведат ефтина тарифа на струја и подесувања на броилата, но голем број на граѓани се жалат дека тоа не е направено и дека се е по старо. Понатаму, оваа информација излезе и на социјалните мрежи дека броилата не се подесени на ефтина дневна тарифа на струја и дека ова е уште една манипулација и лага од страна на новата влада на чело со СДСМ и Зоран Заев.

Понатаму, актуелниот вице-премиер Кочо Анѓушев кој е сопственик на компанијата ЕДС која се занимава со увоз на електрична енергија и го држи 70% од македонскиот пазар долго време ја наметнува идејата за либерализација на пазарот на струја со која тој ќе добие уште подоминантно влијание на македонскиот пазар на струја. Тоа би значело згаснување на ЕВН и креирање на цената на струјата врз база на понудата и побарувачката. На долг рок ова би значело плаќање на повисоки сметки за струја кои пак ќе паднат на грбот на македонските граѓани.

Зоран Заев ветуваше и бесплатни фотонапоски панели или фотоволтаици за најсиромашните граѓани заради пониски сметки за струја но ова ветување исто така не се исполни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top