среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 96 ново

Венко Андоновски, Гаро Тавитјан, Јордан Плевнеш, Илинденка Петрушевска и Наим Алими ја добија наградата „Св Климент Охридски“

Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06,54/07 и 74/12)  и Правилникот за работа на Одборот, на својата  седница, одржана на 7.11.2017  година донесе Одлука за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2017  година за  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија…

1.  Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на:

– проф д-р Венко Андоновски; професор и писател
– проф. д-р Наим Алими; историчар

2. Во областа на културата и уметноста  наградата им се доделува на:

– Гарабет Тавитјан; музички уметник
– проф. д-р Јордан Плевнеш; писател
– Илинденка Петрушева; филмолог

3. Оваa одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен весник на РМ“.

Наградата на добитниците ќе биде врачена на 8 декември 2017 година (петок ) во 13 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Одлуката е потпишана од Претседател на одборот за државната награда „Св. Климент Охридски“, академик Владо Камбовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top