среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 97 ново

Единаесет сообраќајки вчера во скопско, 14 лица повредени

Четиринаесет лица се полесно повредени во седум од вкупно 11 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број  прекршоци. Четиринаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за непрописно престигнување.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Затекнати биле 48 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 60 возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top