среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Шилегов нуди бесплатен паркинг во Центар за запотени

Ако се испотите и го искачите Водно, град Скопје ќе ви даде бесплатен паркиг во Центар – ова е најновата мерка која денес ја изгласа советот на град Скопје.

Со оваа одлука се воведува и бесплатен превоз на патници на автобуска линија број 25 (Транспортен Центар – Средно Водно), а се воведуваат и бесплатни пробни линии 25 А (Ауто Македонија – Средно Водно) и 25Б (Цветен Пазар – Средно Водно) за време на викенд (сабота и недела) и државен празник.

Истовремено, со оваа одлука се предвидува и бесплатно паркирање во катната гаража „Македонска фаланга” и паркингот „Дом на печат” за граѓаните кои имаат намера да ја посетат парк-шумата Водно движејќи се пеш или користејќи го бесплатниот превоз на автобуска линија бр.25, како и за пробните линии бр.25А и 25Б за време на викенд (сабота и недела) и на државен празник.

Како ќе се утврдува дали граѓаните го искористиле бесплатниот паркинг и навистина се го искачиле Водно, од Град Скопје не предвидуваат.  Во исто време. не е предвидено дали ќе се доделуваат бројчиња на врвот или на средно водно со кои подоцна во катната гаража ќе се потврдува дека оној кој го искористил паркингот навистина се искачил на водно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top