Претседателот на Италијанската фудбалска федерација Карло Тавекио денеска на итен состанок одржан во Рим, поднесе оставка.
Италија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија кое ќе се игра следната година. Неуспехот на италијанските репрезентативци е прв ваков во последниве 60 години.
– Жал ми е. Си одам, бидејќи изгубив. Им се извинувам на сите Италијанци. Сакам да кажам дека амбициите на некои и шпекулациите попречија да ги побараме со ладни глави причините за овој резултат. Забележувам промена кај некои од моите колеги, рече Тавекио.
Се очекува во рок од три месеци д абидат одржани избори за нов шеф на федерацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Гвардиола ги собра сите, од чистач до директор и им одржа шампионски говор со кој ја воодушеви фудбалската јавност (Видео)
-
Тур-оператор од Италија ја прекинал соработката со групи од Македонија бидејќи средношколци вршеле нужда во собите
-
Гол со глава на Ибрахимовиќ за победа над Чикаго (Видео)
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)