среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Шилегов го откажа дочекот на Нова година на плоштад

Градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Градот Скопје ја информира јавноста дека се откажува дочекот на Новата 2018 година, а средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот ќе се донираат во добротворни цели на Клиниката за белодробни заболувања.

На расправата за првичните мерки за загадувањето, Шилегов истакна дека следејќи ги препораките да не се одржуваат средби на отворено, настанот се откажува и ги повика и спонзорите да ги донираат средствата предвидени за прославата на оваа ноќ во добротворни цели.

– Ќе го повикам главниот спонзор Телеком да направиме напори тие средства да завршат таму кајшто се најпотребни – истакна Шилегов на денешната седница на Советот.

Ова е вторпат прославата за Нова година да биде откажана, откако минатата година се донесе истата одлука од слични причини.

Предновогодишните празнични активности (базар на ракотворби, дедомразовски трки, детска програма и сл.) ќе се одржат и за тоа наскоро ќе ја информираме јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top