среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Работи кои само вистинските мажи можат да ги направат

Добивањето на универзитетска диплома, возачката дозвола и слично, се само дел од работите кои го означуваат периодот кога момчето прераснува во маж. Но дали тоа се вистинските работи со кои се странува маж? Размислете повторно…

1. Вистинските мажи се грижат за себе на вистинскиот начин

Не зборуваме за поминување часови и часови на вежбање, туку сфаќате дека секој човек се раѓа со несовршено тело. Со текот на времето вежбате толку колку што ви е потребно за да изгледате убаво самите на себе,а не за другите или ја прифаќате онаа фигура во која се чувствувате најудобно. Вистинскиот маж го прифаќа своето тело и работи на него онолку колку што е доволно за да го одржува.

2. Тие го разбираат вистинското значење на „Те сакам“

Секој знае да ги изговори зборовите „Те сакам“, но само вистинскиот маж го разбира значењето на овие зборови. Вистинскиот маж ги изговара овие зборови кога ќе биде убеден дека е заљубен во спротивниот пол, а не само за да придобие привремено внимание.

3. Вистинските мажи конструктивно ги изразуваат своите чувства

Мажите можат да покажат емоции, но не секогаш го прават тоа конструктивно – некои го покажуваат преку гнев, други сосема затворени, а неколку ќе пролеат солзи за да изразат несреќа за дадена ситуација. Вистинскиот човек знае како не само да ги канализира своите емоции, туку да ги изрази на начин што е корисен за себе и за другите околу него.

4. Вистинските мажи внимаваат на саканата

Вистинскиот маж е оној кој заборавил на играта „бркање женски“ и „средба за една ноќ“. Вистинскиот маж ја третира со достоинство саканата и и оддава почит. Многу често, тој сфаќа дека тајната за среќен живот е романтична и среќна врска.

5. Тие созреваат заедно со годините

Секој човек расте, но не секој созрева заедно со годините. Најлесниот начин да проверите дали момчето прераснало во маж е да го погледнете неговото однесување, начинот и стилот на неговото зборување и стилот на облекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top