среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 2 ново

Грозоморен чин во Париз: По расправија со неговата девојка, го убил нејзиниот татко и двајца случајни минувачи

Француски полицаец во саботата вечер убил три лица и се самоубил по расправија со неговата девојка.

Инцидентот се случи во северното париско предградие Сарсел, каде полицаецот Арно Мартен прво ја ранил својата девојка, пукајќи и во главата, а потоа убил еден човек кој се нашол на местото на настанот и еден случаен минувач.

Мартен (31) потоа влегол во домот на девојката, каде го убил татко и, тешко ја ранил мајка и, а го застрелал и семејното куче. Полицаецот на крај се самоубил.

Како што јавуваат светските медиуми, 31-годишниот маж не можел да ја поднесе разделбата од својата девојка, за која што разговарала во автомобилот пред да ја застрела. Тие биле паркирани пред куќата на нејзините родилти кога избила расправијата што му претходела на тројното убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top