среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Вака изгледа убиецот на Јелена – гатачот Златко направи фото робот!

Гатачот Златко Шумадијски, познат како Космајски Виленик, предвидува голем пресврт во медиски најследениот случај во регионот и тврди дека убиецот на Јелена Марјановиќ е близок пријател или роднина на Марјановиќ.

Тој изработи и фото робот на убиецот на пејачката и прогнозира дека монструмот ќе биде уапсен во февруари или март наредната година.

-Убиецот на Јелена, веројатно се наоѓа во Австрија или Швајцарија! Тоа е некој што е близок на семејството Марјановиќ и некој кој добро ги познава. Би можело дури и да е роднина на Марјановиќ. Убиецот ќе биде уапсен наредната година и тоа ќе предизвика големо медиско внимание – тврди Златко Шумадијски.

Тој дава опис на убиецот и го изнесува видувањето зошто убиецот кренал рака на ѕвездата на Гранд.

-Јелена ја убил некој од одмазда! Тоа го покажува нејзиниот хороскоп, како и хороскопите на останатите од семејството. Кога погледав во очите на Јелена, на една нејзина фотографија, ми се јави визијата на тој човек. Има влакнест изглед и е перфиден и подол. Има густа коса и знам дека сакал да се одмазди. Ништо друго не е во прашање. Не се во прашање ниту рекетари, ни мажот, ни свекрвата. Марјановиќ нема врска со убиството. Зоран недолжен лежи во затвор – уверен е Златко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top