понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 104 ново

Ахмети бара, а Заев ќе прогласи геноцид врз Албанците

Али Ахмети бара Собранието да го осуди наводниот геноцид врз Албанците од пред 104 години.

Во обид да ја задржи вештачки залепената коалиција со албанските партии, Заев досега докажа дека е спремен на се па и по цена на распродажба на македонските национални интереси. Само последно во низата барања кои беа дел од фамозната Тиранска Платформа од албанските партии кон Заев е осудата во собранието на наводните злосторства врз албанците во периодот од 1913 година до крајот на втората светска војна.Со ова дефакто Македонија самата себе се осудува за геноцид, а македонскиот народ се прогласува за геноциден.

Во кичевско Зајас денеска биле погребани псомртни останки на наводни Албанци убиени во масакр во период од 1913 година па се го крајот на Втората светска војна. Посмртните останки биле пронајдени во бунар, а дел во пештера во кичевско. Али Ахмети лидерот на ДУИ денеска иницираше расветлување на геноцидот врз Албанците и одржа говор пред присутните.

„Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој, бидејќи нема да бараме надомест. Нивните животи не можат со ништо да се надоместат“, порача Ахмети. Тој вели дека ќе побара од Собранието на Република Македонија осуда на злосторствата извршени пред 104 години.

Вицепремиерот, Хазби Лика, пред присутните рече дека со почитувањето на овие жртви се порачува никогаш повеќе да не се повторат вакви злосторства. Пред присутните се обрати и министерот за дијаспора во Владата на Албанија, Пандели Мајко, пак, рече дека овие луѓе се убивани само затоа што зборувале албански јазик. Тој и се заблагодари на македонската Влада што овозможила да се одбележи овој настан.

Доколку досега на јавноста не и беше јасно Тиранската Платформа се исполнува во целост точка по точка. Договорот со Бугарија како и законот за јазиците беа дел од истата. Следни точки се решавањето на спорот со името и прогласувањето на македонскиот народ за геноциден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top