понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 107 ново

Прослава на навивачката група „Комити“ на плоштад

Веќе трет ден трае прославата на навивачката група „Комити“ по повод прославата на 30 години од постоењето. Најверните навивачи на Вардар уште во петокот започнаа со одбележувањето на големиот јубилеј, продолжи вчера со ракометниот меч меѓу Вардар и Рајн Некар, а кулминацијата треба да се случи денеска на арената „Филип Втори“. Вардар игра против Пелистер во 18 часот, во прволигашки дуел.

Денешната програма за прославата треба да започне во 15 часот. „Комитите“ најавија дека во тоа време ќе започне собирот на плоштадот „Македонија“. Се најавува прослава на отворено, но и загревање за тоа што треба да биде кулминација, а треба да се случи на стадионот на кој Вардар игра со децении.

Дуелот против големиот ривал Пелистер е одбран за главната прослава за тридецениското постоење на „Комити“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top