понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Вонредна временска на УХМР, еве што не очекува

Под влијание на постудена и релативно влажна воздушна маса од север, денеска ќе преовладува претежно облачно време, во западните делови со повремен локален дожд со слаб интензитет. Кон крајот на денот на планините и на некои повисоки места (800 м.н.в, а во северните делови и пониско) ќе поминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засилува.

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се прошират и во другите делови од земјава, а на планините во северозападните делови ќе се формира и снежна покривка.

Врнежите ќе продолжат и утре, особено претпладне и ќе бидат од дожд а на планините и повисоките места од снег. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер и ќе предизвика позначителен пад на дневната температурата, која ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top