среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

МПЦ веќе ја признала бугарската црква?! (видео)

Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија ја признава Бугарската патријаршија за своја црква-мајка! Ова станува јасно од писмо на Синодот на МПЦ-ОА напишано на 9 ноември и испратено до Бугарскиот синод. Документот е прикажан  во емисијата “Вера и општество” на бугарската државна телевизија БНТ од авторот на емисијата  Горан Благоев Писмото потпишано од Македонскиот архиепископ Стефан, може да се окарактеризира како “историски документ”, бидејќи во него за прв пат Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија зборува за нејзина Црква-мајка.  До денеска сепак БПЦ и нејзиниот патријарх молчат во однос на ова историско барање – пренесува порталот Поглед.мк.

Милен Врабевски – познат бугарски бизнисмен и општественик, е човекот кој го има обезбедено писмото за да истото да биде прикажано во етерот на БНТ, потврди дека учествувал и во пишувањето на самото писмо.

„Важно е сега да паднат духовните граници и да соработуваме. Јавноста го дели ставот дека БПЦ треба да ја преземе оваа одговорност и да биде црква-мајка на Македонците. Поддршка за оваа идеја даде дедо Пратениј, игумен на Бигорскиот манастир. Верувам дека БПЦ ќе ги заштити своите поранешни епархии“, изјави Врабевски.

Тој раскажа дека македонските архиереи ја посетиле Бугарија, за да разберат какво е расположението за ваквата идеја.

„Тоа е храбра и достојна позиција на Македонската православна црква. Треба да се интервенира и духовниот татко на нацијата – Патријархот да ја признае автокефалноста на Македонската црква“, истакна Врабевски.

„Признавањето на Македонската црква од Бугарија значи бугарскиот Синод, да се соочи против Српската, и против Руската Црква, а воедно со тоа и против Вселенската патријаршија, кои не ја признаваат автокефалноста на Македонската Црква. Патријарх Неофит треба да го заземе местото на духовен татко на овие два народи. Да не ги оставаме на цедило, овие луѓе кои собрале храброст да побараат тоа од нас“, изјави Врабевски.

Во емисијата учествувал и Љубомир Младенов, поранешен шеф на Комисијата за верски прашања. Тој потсети дека овој процес на приближување меѓу двете цркви се остварува макар и со потешкотии веќе 20 години.

„Ова писмо е важна историска шанса за нашата црква, која не треба да биде прокоцкана. За прв пат Македонската Црква ја признава Бугарската Црква за Црква-мајка“, изјави водителот на емисијата „Вера и општество“, Горан Благоев.

Емисијата погледнете ја на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top