среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 97 ново

Чао, чао – Германија ги забрани детските паметни часовници!

Германскиот телекомуникациски регулатор ја забрани продажбата на детски паметни часовници, преку кои нивните родители можат да ги следат нивните движења.

Според регулаторот користење на смарт уредите е спротивно на законот за информациите и личната слобода, пишува Ројтерс.

Уреди опремени со апликација за паметни телефони им овозможуваат на родителите да ги лоцираат во реално време.

Регулаторот ги повика родителите кои веќе имаат купено вакви часовници на децата, да ги уништат и предупреди дека презел мерки против компаниите кои ги продаваат на интернет.

Европското биро на потрошувачките сојузи објави минатиот месец студија, според која некои од паметните часовници, ги поставуваат децата во уште поголем ризик поради опасноста од хакерска кражба на податоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top