среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 71 ново

Грција има проблем со името на нацијата, а антиквизацијата е приказна за мали деца дека е проблем за членство во НАТО (видео)

Поранешниот македонски амбасадор во Лондон, Јован Донев во Отвореното студио на ТВ Нова дебатираше со Нано Ружин на тема меѓународните односи на Македонија, со фокус на спорот со Грција во пресрет на најавениот договор меѓу СДСМ и владата во Атина.

Ружин ги пласираше познатите тези на СДСМ, меѓу кои и таа дека името на аеродромот во Скопје претставувало пречка во пристапувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ, на што Донев му одговори дека тоа се приказни за мали деца, односно дека градењето сојузници меѓу другите членки на НАТО е клучно за влез во Алијансата.

Според Донев, Грција во 2008-ма сфатила дека поради меѓународното признавање на Македонија под уставно име од страна на повеќе од 130 земји „ја губи битката со привремената референца“, односно дека ако Македонија влезе под референца во НАТО, Грција ќе ја изгуби најголемата моќ на преговарачката маса.

Донев додаде дека ваквите измислени пречки се смешни и дека суштината на спорот кој Грција го има со Македонија е постоењето на македонска нација. „

– Гајле и е на Грција дали Александар стои во Скопје или не, таа од 45-та година вели дека не постои македонска нација, вели Донев.

Тој се осврна и на изјавите на МНР на Грција Никос Коѕијас кој призна дека овие преговори не се само за името, туку за идентитетот и тоа го признаваат грчките државни претставници.

– Името на државата ви го одредува националноста и тука нема разговор понатаму. Вие имате ситуации каде што има држави создадени од национални малцинства, како Швајцарија, меѓутоа повторно постои швајцарски идентитет, и постојат дупли идентитети во одредени држави и федерации. Таму имате свој етнички идентитет и имате национален идентитет. Во вакви држави како што е Република Македонија, значи унитарни држави, идентитетот е врзан со државата. Кај нас дополнително, бидеќи ние сме една од ретките држави во Европа каде што нашиот и народоносен и национален идентитет потекнуваат од географијата, потекнуваат од името на државата кое е врзано со името на географска Македонија“, вели Донев.

– Така да, секое задирање внатре во тоа прашање директно удира во националниот идентитет. Значи тука не можете да избегате по ниеден основ, бидејќи не можете да ставиме некое име и во личната карта да ставите друга националност. Тоа не е формалност, тоа не е административна процедура за да ја пројдам грчка граница ќе напишам или нема да напишам ништо ни на пасошот, па ќе напишам нешто како ФИРОМ за да се протнам на граница… тоа веднаш повлекува по нас цел еден систем во системот на меморијата на нација, додаде Донев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top