среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Трите најмоќни војски на светот, една е непобедлива (видео)

При рангирањето во предвид се земени преку 50 фактори, односно не само количината на оружје, туку и неговата разновидност, бројноста на активниот состав на вооружени сили, како и резервисти…

САД е најмоќна воена сила на светот, а Хрватска е најмоќна на Западен Балкан, објавил порталот “Global Firepower”, кој се занимава со анализа на податоци за воената моќ и способностите на земјите.

Со деталната анализа, која опфатила 133 држави од светот, утврдено било дека САД е најмоќна воена сила, а следи Русија. На третото место е Кина, додека Индија е четврта. Франција е петта воена сила на планетата, а шестата позиција и припаднала на Велика Британија. Седма е Јапонија, осма Турција, деветта Германија, а листата од топ 10 завршува со Египет.

Специјализираниот портал “Global firepower”, во образложението на листата која ја составиле воени експерти, вели дека при рангирањето во предвид се земени повеќе од 50 фактори, односно не само количината на оружје, туку и неговата разновидност, бројноста на активниот состав на вооружените сили, како и резервистите, финансирањето на воената индустрија, експлоатацијата на нафта и други фактори кои влијаат на одбранбената способност на земјата.

Според резултатите од истражувањето, Русија поседува најмоќна копнена војска, и вод и по бројот на тенкови. На првото место на ранг листата се САД, земја која троши најмногу за одбраната. Третото место го заземала најбројната војска на Народно-ослободителната армија на Кина.

САД издвојуваат најмногу пари за одбрана, дури 587.800.000 долари. Русија издвојува 44.600.000 долари, додека Кина 146.000.000 долари. САД имаат 145.215.000 воено оспособено население, Русија 70.000.000 а Кина 750.000.000.

САД имаат 5,884 тенкови, додека Русија има многу поголем број – дури 20.216. Кина има 6.457 тенкови.

Во регионот на Западниот Балкан, воено најдобро котира Хрватска, која од “Global Firepower” била рангирана на 68. место. Србија на листата е 83-та, Босна и Херцеговина се наоѓа на 121. место, Словенија на 113. место, Македонија на 122 место, додека Албанија е 90-та најмоќна земја на светот.

Чија војска е најмоќна?

Русија има надмоќ над САД во областа на заштита на одредени територии, посебно во Европа, и тоа со комбинација на различни родови на војската во можен судир, тврдат американските воени експерти.
Постојат најмалку три клучни области во кои Русија има воена надмоќ над САД, смета научниот соработник на Центарот за стратешки и меѓународни студии, Лиза Сојер Самп.

Првата област е можноста за ограничување и спречување на пристап во одредена територија – концепт познат како “A2/AD”. Другата област се комбинираните воени дејствија, во кои, истовремено учествуваат различни родови на војската. Русите имаат предност и во сајбер и радио-електронското војување, наведува Самп.

Русите се силни во концептот “држење на противникот на дистанца” со помош на системите за вооружување, создавајќи услови во кои обид за инвазија во некоја зона би донел до значителни загуби кај противничката војска. Во современи услови, станува збор пред се за системите за противвоздушна одбрана, крстаречките ракети и другите средства за уништување од далечина.

Филип Бридлав, поранешен командант на американската војска во Европа, неодамна предупредил дека војската на САД премногу се потпира на воздушните сили, кои веројатно, нема да бидат доволни за доминација над руската заштита во одредени области.

Поради тоа, Бридлав повикал на засилување на копнените формации на западната алијанса во Европа. Тој и самото постоење на руските зони го оценил како навредливо.
Евелин Фаркаш, поранешен помошник на американскиот министер за одбрана за прашањата за Русија, Украина и Евроазија, смета дека, иако рускиот буџет за војска заостанува далеку зад американскиот, постоечките средства Русија ги користи многу ефикасно.

“Тие ги прошируваат своите можности во одредени клучни подрачја, како што се крстаречките ракети и системите за противвоздушна одбрана, а тоа за нас претставува проблем”, наведува Фаркаш.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top