среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Најпосакуваниот ерген ќе се жени, еве кога

Португалецот одлучи, наскоро стапува во брак со неговата девојка Георгина.

За нешто помалку од една година ергенството ќе заврши и за Кристијано Роналдо!

Барем она официјалното, со оглед на тоа што Португалецот во август следната година ќе стапи во брак со Георгина Родригез.

Роналдо одлучил церемонијата да биде направена по завршувањето на Светското првенство, а локацијата каде Роналдо ќе каже „ДА“ сè уште не е позната.

Португалецот заедно со Георгина е од ноември 2016 година, а неодамна добија и ќерка. Да потсетиме и дека Роналдо има уште три деца кои ги доби од сурогат мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top