среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Заеднички роденден: Ламбе славеше со Михаил во Мексико (галерија)

Пејачот Ламбе Алабаковски неколку дена ужива со семејството на плажите на Канкун во Мексико.

Откако на својот инстаграм-профил деновиве споделуваше фотографии од убавините на мексиканското одморалиште, вчера Ламбе објави фотографии од прославата на двојниот роденден – славеа тој и неговиот тригодишен син Михаил.

Под фотографиите напиша „Среќен ни роденден“, а честитките за Ламбе и за Михаил изобилуваа со пораки за добро здравје и многу среќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top