понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Никовски: Политиката на виткање кичма води кон долгорочна дестабилизација на регионот

– Се работи за тоа, Македонците како најмалобројни, како нација и територија кои биле спорни со векови, да ги елиминираат мислејќи дека на тој начин ќе ги решат проблемите на регионот. Но, тоа е апсурд, една заблуда невидена, бидејќи Македонците постоеле и ќе постојат доказ за тоа е „Македонското прашање” кое се развлекува најмалку 150 години од Берлинскиот конгрес па, наваму. Проблемот е на маса веќе подолг период, што значи дека неможе да има Македонско прашање а да не постојат македонеците, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски во гостувањето на ТВ Нова на тема „Ревизија на историјата или бришење на Македонците”.
Според него, обидите да се затвори тоа прашање и да се избришат македонците се погубни. Тоа не можело ни пред 150, ниту пред 5о години, а најмалку сега без нова Балканска војна. Бидејќи ако некој се обиде да ги прекрсти македонците, а според Никовски сега тие напори се интензивираат и се максимизираат, тоа би значело нови конфронтации во регионот кои ќе траат долги години, бидејќи сите имаат свои аспирации тука. Гаранцијата дека сепак нема да има војна е гаранцијата од Вашингтон, бидејќи тие највеќе се плашат од доаѓањето на Русите во регионот, дециден е Никовски. Што значи дека доколку има војна тоа би значело отворена врата за Русија. Спрема тоа, војна нема да има, но нема да има ни мир.
– Ако Македонија продолжи со една ваква политика на виткање на кичмата, на капитулација де факто, тоа води во долгорочна дестабилизација на регионот и уништување на Балканот како еден ентитет кој треба да биде дел од Европа – рече Никовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top