среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 97 ново

Нови автобуски-шатл линии ќе сообраќаат до Средно Водно за време на викендите

Ќе се воведат нови две пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно.

Едната автобуска линија ќе тргнува од пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората ќе тргнува од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат).

За овие две пробни автобуси линии е најавен следниот возен ред:

25А

Катна гаража Средно Водно

9:20 часот 10:00 часот

10:00 часот 11:00 часот

10:50 часот 12:00 часот

11:50 часот 13:00 часот

12:50 часот 14:00 часот

13:50 часот 15:00 часот

25Б

Цветен пазар (Дом на печат) Средно Водно

9:30 часот 10:20 часот

10:10 часот 11:20 часот

11:10 часот 12:20 часот

12:10 часот 13:20 часот

13:10 часот 14:20 часот

14:10 часот 15:20 часот

Покрај 2. (двете) нови пробни автобуски линии, граѓаните ќе можат непречено да ги користат и двете постојни автобуски линии – линијата со број 25 до Средно Водно и линијата со број 28 до паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“.

Воведувањето на забраната за движење моторни возила на патот до Средно Водно е дел од заложбите на Град Скопје за почист воздух и поздрава животна средина, имајќи го предвид пред се здравјето на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top