понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Адвокатот ја откри причината за развод на Ана и Раста

По само година брак Ана и Раста одлучија да се разведат, а пред неколку дена ги потпишаа и документите.

Нивниот адвокат откри што се случувало во канцеларијата каде се потпишувале документите за развод.

-Раста во полето за алиментација напиша дека ќе плаќа 2.000 евра а Ана бараше помалку, старателството го доделивме на мајката додека таткото ќе може да го гледа кога сака, но со претходна најава. Ана со ќерката ќе остане во станот каде досега живееја, а Раста бара нов стан. Како причина за развод наведоа дека не се согласуваат со карактерите. Ова е еден од најмирните разводи кои сум ги видел- рекол адвокатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top