понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Антиќ: Јас се пензионирав од репрезентацијата

Еден од најдобрите македонски кошаркари Перо Антиќ (играч на Црвена Звезда) се наоѓа на списокот на играчи на македонската репрезентација за претквалификациите за Еуробаскетот 2021 година. Но, тој како и поголемиот дел кошаркари кои играат во Евролигата нема да бидат на располагање на своите репрезентации, поради обврските со клубовите.

Во изјава за „Еурохупс“ Антиќ истакнува дека долг период е во репрезентативна пензија.

– Јас сум во пензија уште од 30 година. Но, тие (федерацијата) го ставаат моето име затоа што сакаат да докажат нешто. Сакам да го видам Мекејлеб во репрезентацијата. Тој многу придонесе за националниот тим, вели Антиќ.

Тој воедно истакнува дека ова е момент младите кошаркари да бидат во селекцијата.

Репрезентацијата на Македонија во понеделник го има првиот собир во СЦ „Јане Сандански“. Нашата селекција во овие претквалификации се наоѓа во група со Швајцарија и со Словачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top