среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Стоп за возилата на Водно од наредниот викенд

Најавената забрана за движење возила на патот до средно водно ќе се воведе од наредниот викенд односно од 25 и 26 ноември. Одложувањето на оваа експериментална мерка е поради неповолните временски услови што се најавени за наредниве денови и поради техничките прашања за усогласување на регулативата. Оваа забрана нема да се однесува на автобусите на јавното сообраќајно претпријатие возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top