понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Серена Вилијамс се омажи: Темата на свадбата вредна милион долари била „Убавицата и ѕверот“ (галерија)

Тениската супер ѕвезда Серена Вилијамс (36) се омажи со соосновачот на Редит Алексис Оханиан (34) во четвртокот вечер на приватна свадбена церемонија во Центарот за модерни уметности во Њу Орлеанс. Според различни медиумски извештаи на веселбата имало околу 250 гости.

Како пренесуваат странските медиуми, на забавата присуствувале околу 250 гости, меѓу кои Ана Винтур, Џеј Зи и Бијонсе, Ева Лонгорија, Ким Кардашијан и Канје Вест, Венус Вилијамс, Каролин Возњацки, Сијара…

Темата на забавата вредна милион долари, била „Убавицата и ѕверот“, а гостите биле пречекувани со песната „Be Our Guest“.

Во врска се од 2015 година. Во септември им се роди ќерката Алексис Олимпија.

Таа пред свадбата најави дека планира да се врати на тениските терени во јануари на Отвореното првенство на Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top