среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Владејачката партија во Зимбабве побара оставка од Мугабе

Владејачката партија Африканска национална унија на Зимбабве-Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) повика за оставка на претседателот Роберт Мугабе, пишува весникот „Хералд“.

Тоа претставува нов сигнал за падот на влијанието на Мугабе по преземањето на власта од страна на војската на Зимбабве.

Весникот наведува дека одлуката е донесена на средбата на ограноците на партијата од 10 провинции во земјата. Освен тоа, тие побарале и првата дама Грејс Мугабе да поднесе оставка од ЗАНУ-ПФ.

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе вчера побара време од „уште неколку дена, уште неколку месеци“ за негова оставка, во преговорите што ги води со армијата, изјави првиот човек на влијателниот сојуз на ветерани Крис Муцавангва.

Муцавангва, кој е соработник на неодамна сменетиот потпретседател Емерсон Мнангагва, кој се очекува да ја предводи новата влада, рече дека во некој момент „меѓу сега и утре“ ќе го предупреди Мугабе дека играта е завршена

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top