понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Есенска супер храна

Меки и слатки круши се идеални есенски продукти, одлични и кога се консумираат свежи и кога се користат во подготовка на сложени јадења.

Крушите се едно од овошјата кои имаат големо количество на растителни влакна. Исхраната во кој има состојки кои содржат растителни влакна ќе ви помогнат во спречување на подуеност на стомакот и одржување на здраво ниво на холестеролот.

Крушата е одлична е за здравјето и е хипоалергична храна и може да ја консумираат и дечињата од најмала возраст, крушате е супер храна за сите генерации.

Исто така, се извор на витамини како Ц, К, Б2, Б3 и Б6, а содржат и калциум, магнезиум, калиум, бакар и манган. Витаминот Ц и бакарот се антиоксиданти па затоа консумирањето на круши може да направи вистинско чудо во корист на вашето здравје.

Содржат и минерали кои го апсорбираат калциумот, затоа се препорачуваат и за оние кои се заболени од остеопороза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top