среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 97 ново

Пет работи што се понездрави од пушењето цигари

Пушењето цигари е штетно по здравјето, но модерните времиња носат бројни навики кои се уште поштетни – предупредуваат американските научници.

Осаменост

Новите истражувања покажуваат дека социјалната изолација е еднакво штетна по вашето здравје, како и пушењето. Социјалните мрежи и се пореткото дружење во живо со пријателите и колегите доведуваат осаменоста да стане епидемија. Џулијан Холт Лунстад, професор по психологија на Универзитетот Бригам Јанг, вели дека влијанието на осаменоста врз намалувањето на животниот век е еднаква како еден човек за цел негов живот да пуши по 15 цигари дневно.

Седечки начин на живот

Ваквиот недостаток на движење во текот на целиот ден го зголемува ризикот од заболувања, како и повеќе видови на рак, се вели во една студија од 2014та година. Секои дополнителни два часа поминати во седечка положба го зголемуваат заболувањето од рак на дебело црево, ендометриум, рак на белите дробови, без разлика дали поединецот вежба во текот на денот. Дури и покрај редовното вежбање, седењето подолго од 8 часа на ден го зголемува ризикот од разни здравствени проблеми.

Недостаток на сон

Американските научници установиле дека 50 – 70 милиони жители на САД страдаат од нарушување во спиењето. Недостатокот на сон го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар исто како и секојдневното пушење, преупредува проф. Валери Гафаров од СЗО уште во 2015та година.

Солариум

Иако употребата на солариум во денешно време е решение за потемен тен и мислиме дека го имаме под контрола, еднакво е штетен како и сите останати наведени работи. Дерматолозите уште во 2014та година докажаа дека прекумерното користење на солариум предизвикува повеќе видови на рак на кожата отколку пушењето кое предизвикува рак на белите дробови.

Нездрава исхрана

Најчесто преработената храна, богата со заситени масни киселини влијае на развојот на потенцијано смртните болести како пушењето. Во 2016та година, научниците кои се занимаваат со истрзжување на смртни случаеви како последица на нездравата исхрана, заклучиле дека стапката на смртност ја надминува онаа од алкохолот, дрогата и тутунот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top