среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Претседателот на Бугарскиот парламент си поднесе оставка од морални причини

Претседателот на Бугарскиот парламент , Димитар Главчев си поднесе оставка , од како што вели морални причини .

Тој оставката ја поднел за да спречи парламентарна криза во земјата пред претстојното председавање на Бугарија со ЕУ. Социјалистичката партија претходно му се закани на Главчев дека ќе ги бојкотира седниците ,поради , како што велат обидот на Главчев да ја замолчи опозицијата .

Главчев , кој има висока позиција во владејачката ГЕРБ на Бојко Борисов изјави дека оставката е морален чин за да се избегне негативното влијание пред претседавањето на Бугарија со ЕУ.

Борисов оставката на Главчев ја искоментира дека државата и нејзината стабилност се најважни.

На местото на Главчев е именувана Цвета Карајанчева од ГЕРБ . Нејзината номинација ја изгласаа 138 пратеници, а само тројца беа против .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top