среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Хилари Клинтон: Истрагата треба да продолжи, рано е да се гласа за смена на Трамп

Поранешниот кандидат за претседател на Демократите, Хилари Клинтон, денеска изјави дека е премногу рано и избрзано да се гласа импичмент против претседателот на земјатам Доналд Трамп, пишува Washington Examiner.

Изјавата е по поввод мислењето на нејзините сопартијци, кои во средата побара евентуален импичмент за шефот на државата.

-Мислам дека истрагата треба да продолжи. Прерано е за (импичмент против Трамп)“, рече Клинтон, мислејќи на тековната истрага за руската интервенција за време на американските претседателски избори во 2016 година.

Ние само треба да бидеме сигурни дека членовите на Конгресот ќе ја завршат работата и ќе го држат претседателот под одговорност, рече Клинтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top