среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Над 1000 тони пиперки од пелагониско фрлени во отпад – Владата не реагира

Повеќе од илјада тони пиперка од бараната сорта „Куртовска капија“ останаа неоткупени во пелагонискиот регион, земјоделците беа соочени со најниски до сега откупни цени од 3 до 5 денари, цена по која како што кажуваат мештаните биле откупени пиперките само на активистите на СДСМ, а остатокот останале неоткупени, со што над 1000 тони пиперка завршиле на буништата, со што е причината штета од над 10 милиони денари на пелагониските земјоделци.

Во пелагонискиот регион почнувајќи од Кривогаштани како најсеверна точка завршувајќи со селото Егри, на грчка граница останаа над 500 тони од сортата на пиперка – „Куртовска капија“ останаа неоткупени. Земјоделците ги собраа овие количини од нивите и немаа каде да ги продадат,и сите ги исфлија на ѓубриште, а уште 500 тони останаа на нивите да скапуваат поради немање на пласман за продажба.

Една од фирмите која вршела откуп била ТРГО ПРОДУКТ, сопственост на кланот Заев којашто, како што велат земјоделците од терен откупувала само на активисти на СДСМ и тоа по намалена цена од 3 до 5 денари по килограм, цена која е најниската досега, ако се земе предвид дека минатата година цената изнесуваше од 8 до 10 денари по килограм.

Земјоделците се жалат дека Хари Локвенец неколкупати правел притисок врз останатите откупувачи да се откупат само количества од гласачи на СДСМ. Поради тоа неистомислениците на Локвенец претрпеа страшни загуби. А и тие кои ги продадоа ги дадоа по смешни цени за 5 денари по килограм, а дел од нив наместо во пари добија компензација за роба од земјоделските аптеки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top