среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 97 ново

Донев за односите со Бугарија и Грција: Ако не сте рамноправни нема преговори, тоа е наметнување

Договорот со Бугарија е сериозна импровизација, вели Јован Донев поранешен амбасадор на Македонија во Лондон. Според него, вклучувањето на клаузулата за формирање на мешовита историска комисја во услови кога едната страна е појака од другата, а во преговори секогаш кога се влегува треба да се биде рамноправен.

– Ако не сте рамноправни нема преговори. Другиот ви наметнува. Тоа истото го направивме ние со Грција. Влеговме со најискрени намери. Едноставно што јас тоа го гледам е дека е наивност. Бугарија ќе си ги штити своите инереси, Грција своите, Србија нејзините, сите ќе си ги штитат своие интереси. Ако немате аргумент во рака се контрирате. Борисов и да покаже дека е најиксрен во своите намери, не знаеме кој ќе дојде на чело на Владата на Бугарија после 3 години, од кај да знаеме дека нема да дојде некој друг и да рече ајде сега ова е добар инструмент да ги уценувам. Мора да направите нешто каде што нема да дозволите импровизација вели Донев.

Тој поенцира дека грчката политика кон Македонија е константа и овде се зборува за нацијата, а не за името. Донев вели дека ако влезевме во НАТО под привремената референца, ние никогаш немаше да седнеме да преговараме со Грција, односно ќе преговаравме од позиција на еднакви. Грција има сериозни сојузници во НАТО.

– Сето она антиквизација или неантиквизација тоа се приказни за мали деца, за самите себе да си најдеме оправдување за она што сме го пропуштиле. На Грција и е гајле дали стои Александар Македонски во Скопје или не стои. Тие од 1945 година викаат дека македонска нација не постои. Во секој учебник се збори за Бугари од оваа страна на границата. Немаме проблем со името на државата. Нејзниот проблем е името на нацијата. Toa e суштината на спорот со Грција.

Донев вели дека името на државата ја одредува националноста и тука нема никаков разговор. Во држава каква што е Македонија идентитетот е врзан со државата што според Донев ние сме една од ретките држави каде нашиот национален индентитет потекнува од географијата каде потеклото на името на државата е поврзана со името на географска Македонија.

Секое задирање на името ние задираме во националниот идентитет. Донев вели дека преговорите за национално име се понижувачки и затоа не постои цена зошто илјадници луѓе загинале за тоа. Не постои друга нација што трпи вакво понижување и не се разговара за такви прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top