вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Тинејџерката Жизел ја продала својата невиност преку Интернет: Не ми се веруваше дека некој толку ќе плати

Младиот американски модел, Жизел В. (19) својата невиност ја продала преку интернет за неверојатни 2,5 милиони евра. Таа се понудила преку сајтот „Синдарела ескорт“ и вели дека не можела да поверува дека цената отишла толку високо.

– Не можев да поверувам дека мојата цена ќе отиде толку високо. Ова е остварување на моите соништа, изјавила таа и додала дека во денешно време, според неа, продавањето на невиноста веќе не ништо чудно.

– Не сакав моето прво искуство да го имам со некој со кој сум емоционално поврзана, тоа беше моја одлука, додала Жизел.

Победник на аукцијата бил бизнисмен чија компанија е со седиште во Абу Даби.

Интересно е тоа што споменатиот сајт кој ги организира овие аукции и ги нуди девојките го води 27-годишен Германец, Јан Заковлески кој работи од својата соба од Дортмунд.

– На оваа интернет страница ќе најдете девојки од сите страни на светот, од Австралија, Европа, Америка, Азија, па дури и од Арапските држави, истакнал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top