среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Преведувачката на Ди Марија: Јунајтед го купи само за да ги продава неговите дресови

Анхел Ди Марија во 2014-та година пристигна во Манчестер Јунајтед од Реал Мадрид како големо засилување, а иако на „Олд Трафорд“ се очекуваше многу од Аргентинецот, тој потфрли и после една сезона се пресели во ПСЖ.

Сепак, се чини дека од управата на Манчестер Јунајтед не се грижеле многу околу тоа како ќе игра Ди Марија. Така барем тврди Дебора Гомез која што во Јунајтед била преведувач кога аргентинскиот крилен напаѓач го носеше дресот на „Црвените Ѓаволи“.

– Имав прилика да разговарам со него. Беше несреќен во клубот. Како прво, затоа што не можеше да комуницира со никого. Како второ, затоа што сфати дека Јунајтед го немаше купено затоа што челниците мислеле дека е добар играч и дека на клубот ќе му донесе трофеи, вели Гомез и додава:

– Тие го купија само затоа што сакаа да ги продаваат неговите дресови. Тоа го слушнав во клубот, луѓето зборуваа. Тој беше несреќен поради тоа, изјави Гомез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top