понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 87 ново

Четврто издание на Меѓународен фестивал за лица со и без хендикеп

На 14. и 15. ноември се одржа 4. Меѓународен фестивал за лица со и без хендикеп организиран од здружението на граѓани за промоција и развој на регионите „Свет на различни а еднакви“ од Скопје. Истиот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија, Општина Гази Баба, Општина Струмица и Хотел Арка.

Ова е единствен фестивал од ваков вид на Балканот и е три дневен настан проследен со другарување и размена на искуства. Овој настан има за цел да ја зголеми инклузијата на лицата со хендикеп со други лица во културните активности. Организаторите и поддржувачите сакаат лицата со хендикеп да ја имаат можноста полесно и активно да се вклучат во општеството и заедницата.

Во Драмски театар Скопје аматерски актерски групи од Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Хрватска и други учествуваа на фестивалот. На ревијалниот дел во Македонски народен театар  на најдобрите им беа доделени свечени награди. Гран при наградата ја добија актерите од Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ од Струмица, Македонија. Првата награда ја добија учениците од ПОУ „Св. Климент Охридски“, Македонија, втората награда беше доделена на учесниците од Центарот за лица со посебни потреби од Тузла, Босна и Херцеговина, и третата награда јапонесоа децата од Стари Град од Белград, Србија. Наградата за главна машка улога ја освои Мирзет Калтак и наградата за женска улога ја освои Андријана Филиповиќ.

Со секоја трошка на креативно изразување се отвораат портите на професионален развој и социјална инклузија на лицата со хендикеп. Овој фестивал го негува нивниот потенцијал и работи кон унапредување на нивниот квалитет на живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top