Во Кинотеката на Македонија утревечер (18 ноември) во 20 часот ќе се одржи финалната вечер на Фестивалот за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“, кој го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола.
Ќе бидат прикажани победничките филмови што пристигнаа на нашата адреса на повикот за учество на фестивалот за снимање краток филм со мобилен телефон. Повикот беше отворен од јули, а пристигнаа дваесетина филмови од македонски и 500-ина филмови од автори од светот. Најдобриот филм што ќе го избере четиричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиева – Лале“, а таа ќе се состои од стипендија од Универзитетот за аудио-визуелни уметности од Скопје ЕСРА во износ од 3.000 евра. Годинашниот „Мобил фестивал“ се одржува под слоганот „Сите се мобилни“.
Ќе бидат доделени и награди за: оригинална идеја, најиновативен филм, приказна и награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“.
Ќе бидат прикажани и видеа од работилниците одржани во рамките на „Мобил фестивал“, а кои се реализираа во соработка со гимназијата „Никола Карев“ и С.О.С. Детско село. Најсреќните десетмина во публиката ќе добијат награда, бесплатни влезници за филм од репертоарот на киното „Милениум“, а за публиката ќе има и други награди и изненадувања.
Во рамките на фестивалот, неделава во Кинотеката на Македонија беа прикажани два играни филма. Станува збор за бугарскиот хит „Слава“ и за чилеанскиот драма-трилер „Хесус“, кој раскажува за генерациската разлика и неморалниот живот на тинејџерите и филмот е во официјална конкуренција на фестивалите во Сан Себастијан, Торонто и др.
Фестивалот го поддржуваат Агенцијата за филм на Република Македонија и Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
ВМРО-ДПМНЕ се избори за клучни промени и подобрувања во законите за сведоци и следење на комуникации
-
Мицкоски: Грешките на СДСМ во економијата ги плаќаат сите граѓани
-
Опозицијата не е информирана што преговара Заев за името
-
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на државата