среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Комедијата „Кец на десетка“ премиерно на малата сцена на МНТ

Комедијата „Кец на десетка“ на авторот Митко Бојаџиски и во колективна режија вечер премиерно ќе биде изведена на малата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот. Во претставата играат Александар Миќиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ.

– Сите актери се фантастични и со сигурност тврдам дека имаме хит, рече на прес-конференција по повод новата премиера в.д. директорот на МНТ Драган Спасов-Дац. Потенцира дека режијата е колективна бидејќи сите биле вклучени во неа, во создавањето на претставата и играта.

Авторот Бојаџиски истакна дека се работи за фамилијарна приказна од која се обидел да извади на површина се што е комично.

Сценограф на „Кец на десетка“ е Татјана Блажевска-Христоска, а костимограф Ивана Каранфиловска-Уруговска. За потребите на претставата е преработена песната „Оnly you“ на Yazoo. Текстот, аранжманот и продукцијата на насловната нумера „Кец на десетка“ е на Александар Митевски, а неа ја изведува актерската екипа.

„Кец на десетка“ е претпоследна премиера на МНТ во оваа година. Во подготовка е мјузиклот „Мама миа“ за кој премиерата е закажана на 24 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top